Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
ОСНОВЕН СУД КИЧЕВО - НАДЛЕЖНОСТИ


Стварна надлежност

Основниот суд Кичево е првостепен суд со Основна надлежност за подрачјето за кое е основан и надлежен е да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци

- за кривични дела за кои како главна казна е предвидена казна затвор до пет години ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд ,
-за кривични дела за кои кои со посебен закон е определена надлежност на суд од основна надлежност,
- да спроведува истраги или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
-за сите видови прекршоци,освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања,
-за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.

Основниот суд Кичево е надлежен да одлучува во прв степен по граќански спорови и тоа:
-за спорови во имотно -правни работи и други граќанско-правни односи на физички и правни лица чија вредност е до 15.ооо евра во денарска противредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
-за законска издршка,
-за чување и воспитување на деца,
-за смеќавање на владение,
-за доживотна издршка,
-за надомест на штета која не надминува 15.ооо евра во денарска противредност,
-во постапка за обезбедување и извршување,
-за работни односи,
-во спорови од наследно правни,
-во вонпарнични и оставински работи,
-да води тапии, и
-за други работи утврдени со закон,

Месна надлежност

Основниот суд во Кичево се оснива за подрачјето на општините( Кичево, Вранештица, Другово, Зајас, Осломеј, Пласница и М.Брод, со судско одделение во М.Брод.

  • Историјат
  • Судска Зграда
  • Годишни Извештаи
Историјат
Основниот суд во Кичево е основан со повелба на АСНОМ за устројство на редовните народни судови на Федерална Македонија и решение на АСНОМ за создавање на Суд за судење на престапи против македонската национална чест,на 31 март 1945 година.Со повелбата се основаат 25 околиски судови,3 обласни суда со седиште во Скопје, Штип и Битола и Врховен суд во Скопје. Поради тоа 31 март 1945 година се смета за ден на основање односно на поставување на темелите на правосудството во Република Македонија.

Во почетокот на своето работење Околискиот суд во Кичево бил сместен во центарот на градот на ул.„М.Тито„ во манастирска зграда на местото каде денес се наоѓа Домот на културата „Кочо Рацин„ . Работата во тој период де одвивала во отежнати услови бидејќи судот се соочувал со низа кадровски ,просторни и материјално - технички проблеми .

Што се однесува до предметите по кои постапувал судот во почетокот претежно се суделе кривични ,парнични и оставински предмети.

Со донесувањето на Сојузниот и Републичкиот Устав во 1963 година Околнискиот суд во Кичево е преименуван во Општински суд Кичево и продолжил да функционира како суд од општа надлежност. Просторните и проблемите со недостаток на персонал кои се појавиле со зголемената надлежност на судот и зголемениот број на предметите и персонал се надминале со изградба на новата судска зграда и тоа на сегашна локација која е пуштена во употреба во 1966 година.

Со Уставната реформа од 1974 год. судската функција беше доверена на редовните судови како органи на државната власт и на самоуправните судови .Општинскиот суд во Кичево продолжи да функционира како редовен суд ,а просторно го опслужувал и судот на Здружен труд во Гостивар за следење на предмети со странки од неговото подрачје.

Со донесување на законот на судовите во 1995 година, во осамостоена Република Македонија Општинскиот суд во Кичево беше преименуван во Основен суд Кичево.Со овој закон се зголеми неговата надлежност и стана наделжен за сите кривични , прекршочни , граѓански и стопански предмети во надлежност од прв степен.

Прв Претседател на судот во Кичево бил Борис Котлар од Охрид и тоа од 1945-1952 година, а потоа Претседатели биле

- Владо Најдески од 1952-1954 год.,
- Методија Лазески ,од 1954-1964
- Зоре Попоски , од 1964-1967 год.
- Љубе Стојаноски , од 1967 -1979год.
- Милчо Антоски , од 1979 -1983 год.
- Димо Димоски, од 1983-1987 год.
- Божин Аврамоски , од 1987-2оо1
- Кирил Миладиноски. од 2оо2-2оо6
- Мира Анѓелеска од 2006-2010

Структура на судска зграда
Основниот суд Кичево е сместен во еднокатна зграда , во која во приземјето во неколку простории се сместени ОЈО Кичево и ЈП Кичево.

Приземје

Сместени се судската полиција, судска писарница- приемно одделение ,три судски кабинети, судска сала бр.1, прекршочно , извршно и вонпарнично одделение , еден кабинет на стручните соработниции, еден кабинет на преведувачите-толкувачи, архивата на судот и една просторија на техничкиот персонал.

Кат

Сместени се 12 судски кабинети , кабинетот на Претседателот на судот, кабинет на Секретарот на судот заедно со техничкиот секретар на Претседателот на судот, кривично и граѓанско одделение, 4 судници, 3 простории за техничкиот персонал -дактилографи и благајната