| КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ |
| |
Местоположба
Основниот суд во Кичево , се наоѓа во центарот на градот Кичево, на ул.„Булевар Ослободување„ бр.17.
Судот е сместен во стара зграда која е делумно реновирана , составена од приземје и кат ,во која зграда исто така се сместени и Основно јавно обинителство Кичево и Јавно правобранителство Кичево. Во близина на судот , се наоѓаат Градскот плоштад , објектот на Стопанска Банка Кичево во која се сместени адвокатски канцеларии. |

Мапа со локација на судот: ТУКА |
| |
| Врз основа на член 9 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (“Сл. весник на РМ” бр.13/06) и член 3 од Упатството за начинот и постапката за спроведување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер Основен Суд Кичево ја изготви следната
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Листата на информации од јавен карактер на Основен Суд Кичево ја сочинуваат следните групи на информации:
| 1 |
Општи информации за судот |
3 |
Судска Власт |
| 2 |
Судска пракса |
4 |
Контакт информации |
Граѓаните на Република Македонија можат да добијат информација од јавен карактер што ја изготвило или со која располага Основен Суд Кичево со пополнување на - Барање за пристап до информации од јавен карактер, кое може да го добијат во архивата на Основениот Суд во Кичево или да го симнат тука.
Барање за пристап до информации од јавен карактер
Барањето за информација може да се достави во писмена форма на адресата на Основен Суд Кичево, ул. “Булевар Ослободување“, бр.17 или на факс бр.045 223-565.
Граѓаните може да се информираат за сите прашања од нивен интерес што се поврзани со правото на слободен пристап до информации од јавен карактер и на телефон: 045 223-464 локал 174.
Основен Суд Кичево согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер за службено лице за посредување со информации ја определи: Ислам Абази. |
| |
Доколку имате некое прашање или ви е потребна соодветна информација, можете да ја искористите контакт формата прикажана подолу.
На Вашето прашање ќе одговориме во најкус можен рок. Ви благодариме. |
| |
|
| |