Дома  I    Мапа  I    Контакт  I    Огласна Табла    


   
 
 
 
Погледнете ја статистиката за работењето на судот за актуелната година ...
 
 
 
 
ОСНОВЕН СУД КИЧЕВО - НАДЛЕЖНОСТИ


Кликнете на сликата за да го видите распоредот на судења на Основен суд Кичево за  период од 15.12.2014 до 31.12.2014

Стварна надлежност

Основниот суд Кичево е првостепен суд со Основна надлежност за подрачјето за кое е основан и надлежен е да одлучува во прв степен по кривични дела и прекршоци

- за кривични дела за кои како главна казна е предвидена казна затвор до пет години ако за некои кривични дела не е предвидена надлежност на друг суд ,
-за кривични дела за кои кои со посебен закон е определена надлежност на суд од основна надлежност,
- да спроведува истраги или истражни дејствија за кривични дела од својата надлежност,
-за сите видови прекршоци,освен за прекршоци кои со закон се ставени во надлежност на орган на државна управа или организација или друг орган што врши јавни овластувања,
-за жалби и приговори за постапките за кои се надлежни овие судови.

Основниот суд Кичево е надлежен да одлучува во прв степен по граќански спорови и тоа:
-за спорови во имотно -правни работи и други граќанско-правни односи на физички и правни лица чија вредност е до 15.ооо евра во денарска противредност, доколку со закон не е предвидена надлежност на друг суд,
- за спорови за утврдување и оспорување на татковство, мајчинство, утврдување на постоење на брак, за поништување на брак и развод на брак,
-за законска издршка,
-за чување и воспитување на деца,
-за смеќавање на владение,
-за доживотна издршка,
-за надомест на штета која не надминува 15.ооо евра во денарска противредност,
-во постапка за обезбедување и извршување,
-за работни односи,
-во спорови од наследно правни,
-во вонпарнични и оставински работи,
-да води тапии, и
-за други работи утврдени со закон,

Месна надлежност

Основниот суд во Кичево се оснива за подрачјето на општините( Кичево, Вранештица, Другово, Зајас, Осломеј, Пласница и М.Брод, со судско одделение во М.Брод.

ГАЛЕРИЈА НА ФОТОГРАФИИ
 
ОДЛУКИ НА ОСНОВНИОТ СУД КИЧЕВО
 
Искористете ја формата прикажана подулу за пребарување во базата на одлуки на Основниот Суд Кичево.
За подобро филтрирање на резултатите искористете ги и дополнителните полиња за категорија на документот и датум.
 
име или дел од името:
категорија и/или подкатегорија:
датум на донесување на одлуката:
од:   до: